Огромен број сириски бегалци се сокриле во воз во Велес

Над 150 мигранти од Сирија во товарен воз на Македонски железници синоќа пронајдени на железничката станица во Велес.

Според првичните информации тие биле сокрание во вагоните  со кои се превозувал јаглен за Фени во Кавадарци.По нивното откривање најпрвин биле сместени во чекалната од железничката станица во Велес, а доцна синоќа префрлени во полициската станица каде се извршени разговори.

Нивната облека била црна од јагленот и вагоните каде се криеле. Имало и три жени, но и деца по 15-16 години. Меѓу нив имало и студенти.

01.09.2014 - 12:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега