ФОТО: Дони Валберг рипна во тавче

Актерката, Џени МекКарти и музичарот и телевизиски актер, Дони Валберг се венчаа во Чикаго.

МакКарти која беше водителка на шоуто „The View“ и Балберг кој некогаш беше член на групата „New Kids on the Block“ а сега ѕвезда на серијата „Blue bloods“, се венчаа во предградието на Чикаго, Сент Чарлс.

Двојката се вери во април.

Братот на Дони, Марк Валберг не беше на венчавката, но остави порака и снимка на Инстраграм каде им порачува дека тој и неговото семејство „сакаа да биде таму“.

Дони и Марк Валберг моментално играат заедно во реалното шоу „Wahlburgers“.

01.09.2014 - 12:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега