Парче од свадбената торта на Чарлс и Дајана продадено за 1.375 долари

На аукција е продадено парче торта од венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дaјана во далечната 1981 година и тоа за 1.375 долари.

Колачот се наоѓа во оригинална бело-сребрена кутија и е продаден по пат на интернет во Лос Анџелес, а на него се наоѓа и оригинална порака на која пишува: „Со најдобри желби, принцезата и принцот од Велс".

Купувачот е приватен колекционер, и секако ја купил тортата за во неговата колекција а не за да ја проба. 

31.08.2014 - 11:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега