Кетрин Ештон: За украинската криза нема воено решение

 

Прашањето за можното проширување на санкциите кон Русија во врска со ситуацијата во Украина ќе се решава на средбата на врвот на ЕУ во Брисел, изјави високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата Кетрин Ештон.

- Доволно зборувавме за Украина. Сите министри ја споделуваат вознемиреноста од руската агресија. Ја повикуваме Москва да ја повлече војската од Украина, изјави Ештон по неформалната средба со министрите за надворешни работи од ЕУ.

- За украинската криза нема воено решение, а излез може да се најде само по политички пат, потенцираше таа.

Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел изјави дека европските лидери се договориле да подготват „следно ниво на санкции“ против Русија како одговор на интервенцијата на Москва во Украина.

- Јасно е дека после оваа интервенција на Русија во Украина...лидерите на ЕУ со сигурност ќе наложат Еврокомисијата да го подготви следното ниво на санкции, рече тој пред средбата.

30.08.2014 - 14:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега