Тоа е рајот на земјата: Плата 1200 евра, кирија 15 евра, полиција нема
Гратчето Мариналеда на југот од Шпанија не е бајка, туку вистинска реалност.
Се протега на само 25 километри квадратни и во него живеат само 2.700 жители.
Неговите жители не се плашат да ги искажат своите политички убедувања, но наместо блескавите реклами и брендови, луѓето своите ставови ги искажуваат преку уличната уметност, односно графити и мурали со пораки на поддршка и солидарност кон земјите како Куба и Венецуела.
Луѓето ја нарекуваат “комунистичка оаза во капиталистичка пустина”.
Одлуките во овој град се носат по директно демократски пат на неделни состаноци кои обично ги посетуваат 300-400 луѓе.
Исто така, овде вработеноста е речиси 100 отсто.
Толку многу луѓе сакаат да се преселат во овој град што морала да се направи листа на чекање, па така што идните жители чекаат и до две години додека дојдат на ред.
Просечната месечна заработка во Мариналеди изнесува околу 1.200 евра, а киријата само 15.
Луѓето сами си ги градат куќите. Локалната власт им го дава материјалот, а дури по изградбата и вселувањето, новиот сопственик на таа куќа на владата и плаќа 15 евра месечно за да ги рефундира трошоците од искористениот материјал. Доколку не знаете сами да ѕидате куќа (што е многу веројатно), властите дури ќе ви испратат и професионални архитекти и градежници. Трикот е во тоа што оваа куќа не можете да ја продадете што спречува злоупотреба и профитирање на таков начин.
Но тоа не е се’. Сите кои живеат овде на располагање имаат бесплатен интернет, два фудбалски терени, терен за кошарка, терен за тенис и за сквош и одбојка, базен (единствен што се плаќа на годишно ниво)…
Интересно е дека во градот нема полиција, иако според бројот на жители би требало да има од 4 до 7 полицајци.
29.08.2014 - 20:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа