Маж се удавил во река додека го спасувал соседот

Силното невреме придружено со силен дожд и град со големина на јајце уништи речиси половина од централна и северна Босна и Херцеговина,  а 65- годишниот Светислав Џекиќ беше пронајден мртов во коритото на реката Јошавка, во близина на Бања Лука.

Несреќниот човек во саботата доцна попладнето исчезна во надојдената река, кога се лизна од мостот оштетен од поплавите во почетокот на август, додека се обидувал  да и помогне на соседката  Дијана Лазиќ.

 

Во моментот  на несреќата присутни биле и соседите и неговиот братучед Дарко Џекиќ кои само беспомошно гледале  како водата го носи беспомошниот Светислав. Неговото тело беше пронајдено во саботата во 8:30 наутро.

25.08.2014 - 10:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега