Српска пејачка доживеа нервен слом

 

Српската пејачката Радмила Манојловиќ доживеа вистински шок во Цирих, кога на аеродромот наместо својот земала туѓ куфер. Кога видела што направила доживеала вистински нервен слом.

-Таа беше надвор од контрола кога во хотелот го отвори куферот, а во него имаше детски работи. Почна да вика и не знаше што да прави бидејќи до настап имаше уште три часа. Дури во еден момент и се расплака, бидејќи не знаеше како да го реши проблемот. Толку беше збунета што почна на рецепционерот да му објаснува на српски што се случило. Кога ја смирија и сфатија во што е проблемот им олесни бидејќи мислеа дека е нешто посериозно, вели за српски„ Ало“  извор кој се нашол на лице место и додава дека Рада веднаш ангажирала луѓе да и најдат гардероба за настап.

24.08.2014 - 11:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега