Кои се најчувствителните ерогени зони на женското тело?

Ако уште не знаете кои се женските ерогени зони, крајно време е да дознаете, а попатно не е лошо да го забележите и правилниот метод за стимулација.

Ерогените зони на женското тело се извор и инспирација за секој маж кој сака да дознае повеќе за својата партнерка, а канадските научници извршиле истражување во рамки на кое сакале да дознаат во која мера, одредени делови на женското тело се чувствителни.

Целта била да се состават некои прирачници за женското тело, кои места треба нежно да ги допирате, а кои места подобро реагираат на притисок.

Тестирани делови биле брадавиците, страничните делови на градите, меѓуножјето и сите останати ерогени места. Ги споредувале стимулациите на тие предели со стимулацијата на стомакот, вратот, подлактицата и останатите делови кои не спаѓаат во ерогените зони.

Преку три вида дразби со лесен допир, притисок и вибрации се утврдиле следниве резултати:

- лесниот допир најмногу го надразнува вратот, подлактицата и влезот на вагината

- на благ притисок најчувствителни се брадавиците и клиторисот, додека најмалку се дразнат градите и стомакот.

- на вибрациите најчувствителни се клиторисот и брадавиците, а клиторисот најмногу реагира.

Според тоа, кога ги допирате гениталиите, вклучете и мал притисок и вибрации, а по остатокот од телото, со исклучок на брадавиците, лесните допири се сосем доволни за да постигнете задоволство.

Извор: Црно Бело

23.08.2014 - 12:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа