"Ќерко се ти е простено само врати се дома"

Не ја присилував да учи, ниту и забранував да излегува и да се дружи. Си мислев, ако, нека има малку слобода, можеби се ќе се смени. Се надевав дека се ќе помине, дека ќе се освести и ќе се јави, но ја нема. Вака мајката на исчезнатата малолетничка од Србија, ја раскажува својата тажна приказна.

- Сопругот беше на работа, па јас одлучив да позборувам со Ивана. Ми кажа дека сака да излезе со некое друштво и малку да се опушти. И порано знаеше со друштвото да излезе на викенд или да ја нема неколку дена. Секогаш се враќа дома, секогаш се јавува на телефон. На почетокот не се грижев зошто знаев каде е, но сега не се јавува, нема ни трага ни глас. Се разбирам, и јас некогаш бев тинејџер и се ова сум го поминала, но да ја нема речиси 20 дена, тоа не го разбуирам, вели мајката на Ивана, Нада.

Од школото каде учи Ивана велат дека е добро дете но очигледно имала проблеми кои не знаела како да ги реши. Се е тоа нормално за возраста, но ова што таа го направи дефинитивно предизвика паника кај нејзините родители.

- Никогаш не учи, постојано се караме за тоа. Сите и се единици. Во последно време не ја присилував да учи, си реков ќе и пројде...но...сепак не го очекував ова. Се и е простено само нека се врати дома, вели очајната мајка.

22.08.2014 - 14:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа