Се удави младо момче од скопско - очевидците раскажуваат за трагедијата

Уште една трагедија ја зави денеска Македонија во црно. 18-годишно момче се удави во водите на браната Глажња. Очевидците на немилиот настан за Канал 5 си ја отвараат душата и раскажуваат што се случило.

Во 14 часот во текот на вчерашниот ден, 18-годишниот Јетмир Османи со трчање скокнал во водата, но таа го проголтала. - Ние бевме дојдени како рибари, тој се затрча во водата... Човекот што беше со нас го бараше, но немаше среќа, не го најде...велат очевидците за Канал5.

Потрагата по момчето продолжува и денеска.

 

17.08.2014 - 17:33
Фото: 
скопјеинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа