Јанакиески: Нема продолжување на рокот за легализација на чамци

Рокот за поднесување барања за легализација на чамци истекува на 3 септември. Сопствениците на пловни објекти кои немаат поднесено барање до судот, да го направат тоа во предвиднеиот рок, бидејќи пролонгирање нема да има, нагласи денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој денеска ја посети Капетанијата на пристаништата во Охрид.

Досега, според него, поднесени се 137 барања од кои 55 се веќе прегледани и за нив деновиве се очекува да излезат решенија,  а  17 се веќе легализирани.

- Барањата се едноставни - се доставува изјава, каде имателот на чамец покажува дека е сопственик на тоа возило и одговара под морална и кривична одогворност и формулар каде со штиклирање треба да означи каков е чамецот, за што се потребни не повеќе од пет минути. Треба да уплати 480 денари судска такса за поднесување на барањето и кога ќе го подигне решението треба да плати уште 480 денари. Вкупниот трошок за легализација на чамец изнесува 960 денари, појасни Јанакиески.

Постапката, нагласи тој, е многу едноставна и не е скапа. Капетанијата, додаде Јанакиески, дополнително ќе контактира со лицата што нема да достават барања ќе ги повика да го направат тоа во законски предвидениот рок.

17.08.2014 - 14:39
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега