ВИДЕО: Кристијано Роналдо и Парис Хилтон се дружеле во дискотека

Пет години после кратката но бурна љубовна врска, Кристијано Роналдо и Парис Хилтон се повторно заедно. Меѓутоа не се работи за обновување на емотивна врска, туку за бизнис соработка.

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид Кристијано Роналдо ја најмил славната наследничка да биде Ди-џеј на една приватна журка во неговата дискотека во португалското луксузно летувалиште Алгавре.

Роналдо решил да го промовира својот клуб "Седум", а Хилтон освен што пуштала музика ќе сними и промотивен спот.  

Повторното дружење на Кристијано и Парис асоцира на случувањата од пред пет години. Роналдо во 2009. година е снимен во дискотека во Лос Анџелес во интимна поза со богаташката.

Тие потоа поминаа неколку ноќи во Париз, но нивната романса брзо заврши.

17.08.2014 - 13:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега