„МK is not GR - со спреј испишано грчко возило во Охрид

Ноќта помеѓу 15 и 16 август на паркингот „Горна порта“ во Охрид, непознат сторител врз патничко моторно возило „Ауди“-3 со грчки регистарски ознаки, управувано и паркирано од грчки државјанин, со спреј испишал текст (МK is not GR, GR=MK).

На грчкиот автомобил биле нацртани и вулгарни цртежи.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид и се превземаат мерки за пронаоѓање на  сторителот.

17.08.2014 - 12:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега