Не му се допаѓал идниот зет - ја убил ќерка си па се самоубил

Трагедија го потресе и Сараево. Чедо Јововиќ си ја убил ќерка си, а потоа си пресудил самиот бидејќи не му се допаднал идниот зет. Според податоците од медиумите, тој отишол да ја земе ќерка си од работа, а кога таа се качила во автомобилот, тој испукал еден куршум кон неа, а потоа и се самоубил.

- Со телото на мртвата ќерка дошол до својата гаража. Додека се паркирал и се јавил на другата ќерка и и рекол да дојде. Потоа се самоубил, а кога несреќната девојка влегла во гаражата, ги видела безживотните тела на својот татко и својата сестра, вели извор.

Според неофицијалните податоци, најверојатно до убиството дошло поради честите кавги кои ги имало во семејството бидејќи на Чедо не му се допаѓал идниот зет со кој неговата ќерка требало да стапи во брак на 18 септември.

 

17.08.2014 - 12:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа