Одморот им го претвориле во пекол - еве што преживеале штипјани во Будва

Штипјани кои отишле во Будва, Црна Гора, на одмор наишле на големи проблеми. Како што пренесува Во Штип, додека Ј.М, Х.Т., Н.Т. и Е.Г. биле излезени, непознати лица го разбиле станот во кој биле сместени и се превртеле наопаку.  Им биле одземени сите патни исправи на сите четири лица исто така и парите кои си ги носеле за својот годишен одмор.

Покрај украдените преку илјада евра на оштетените исто така им било украдено и возилото со кое отишле за Будва, Фолсфаген Пасат.

17.08.2014 - 10:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега