Почесна артилериска стрелба по повод Денот на АРМ

 

 По повод 18 август - Денот на Армијата на Република Македонија денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба на која ќе бидат истрелани 10 плотуни.

Во пресрет на Денот на АРМ вчера на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје бeа изложени борбени средства, техника и опрема на Армијата на Република Македонија. Претставени беа материјално-техничките средства, борбените возила и вооружувањето на АРМ, како и транспортниот хеликоптер Ми-8/17.

Инаку, Армијата на Република Македонија годинава одбележува 22 години од основањето.

17.08.2014 - 10:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа