Ќе се освежиме со дожд - еве што ќе се случува со температурите

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен, северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.

Температурата ќе се движи од 21 до 31 степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со северен ветер. Температурата ќе достигне до 28 степени.

УВ индексот ќе изнесува 7.

 

Од утре температурите ќе бидат во благ пораст.

17.08.2014 - 10:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега