Што подготвува? Обама во Норвешка испратил 300 тенкови

Норвешкиот весник Нихетер објави дека во норвешкото пристаниште Намдалсиелд во неделата тајно впловил амириканскиот воен брод Двејн Т. Вилијамс долг 205 метри на кој наводно се наоѓаат повеќе од 300 најсовремени тенкови  М1А1 Абрамс, оклопни возила, амфибии и друга воена опрема.

Таа опрема треба да ја замени старата опрема која претходно била поставена во планинските бункери во средината на Норвешка. 

Овој потег е знак дека за САД иднината на Европа е тмурна, пишува руската агенција РИА Новости, повикувајќи се на зборовите на Брет Улриксен од Норвешкиот институт за меѓународни прашања. Прашањето што ги мачи сите е што американскиот претседател Барак Обама планира со толкаво вооружување и кого планира да нападне? 

- Ова можеби е поврзано со кризата во Украина, изјави Улриксен за норвешкиот Нихетер.

 

16.08.2014 - 15:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа