Хрватски новинар ја тужи Анџелина Џоли - еве зошто

Холивудската актерка Анџелина Џоли повторно на суд ќе мора да докажува дека не ја украла идејата од новинар за филмот за војната во поранешна Југославија.

Хрватски новинар во 2011 покрена судска постапка против Џоли, тврдејќи дека нејзиниот филм „Во земјата на крвта и медот“ е плагијат и оти идејата за своето режисерско деби ја украла од неговиот роман, но судот во Лос Анџелес ја отфрли неговата тужба поради недостиг на докази.

Џејмс Џ. Бредок поради тоа повторно поднесе жалба, па случајот повторно ќе се најде пред суд, каде Анџелина ќе мора да докаже дека идејата и сценариото се нејзини.

Џоли доставила обемна документација со која докажува дека инспирацијата за филмот „Во земјата на крвта и медот“, ја добила за време на посетата на БиХ како амбасадор на ОН.

Новинарот кој се крие зад псевдонимот Џејмс Џ. Бредок, всушност се вика Јосип Ј. Кнежевиќ и е роден во Сараево, а во 1994 година се преселил во Загреб каде и почнал да работи на книгата, која, тврди тој, Анџелина без негово знаење ја искористила за снимање на филмот.

16.08.2014 - 15:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега