Сосед - педофил допирал 10 годишно девојче

56 - годишниот И.М. од Смедерево е уапсен поради сомневање дека допирал десетгодишно девојче од соседството, соопштила полицијата.

- И.М. го познавал девојчето и тоа го искористил на најподмолен начин. Ја викал кај него дома, а девојчето имало доверба во него бидејќи се познавале, раскажал извор за српски Курир.

Секоја посета И.М. ја користел да провери до каде може да оди.

- Тој на почетокот го допирал девочето речиси неприметно. Прво го галел по косата и рацете, а кога видел дека има доверба во него, почнал да го допира девојчето по градите, кажува соговорникот.

Девојчето на почетокот не било свесно дека комшијата прави нешто што несмее.

- Меѓутоа девојчето набрзо сфатило дека однесувањето на комшијата не е во ред. Раскажало на родителите што се случува, а тие веднаш пријавиле во полиција, соопшти изворот.

- Полицијата реагирала веднаш и го уапсиле И.М. Тој ќе биде изведен на сослушување пред јавниот обвинител во Смедерево, изјави соговорникот.

 

16.08.2014 - 12:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега