Курир: Заев бил на одмор во Грција во неговата луксузна куќа

Струмичани знаат дека Заеви се чести гости во Грција, особено во летниот период. Како што таму говорат граѓаните, а и некои медиуми веќе пишуваа за тоа, Заев поседува одреден недвижен имот кај нашиот јужен сосед, пишува Курир.

Според пишувањата на партолот се говори дека Зоран Заев за време на својот одмор престојувал во луксузна куќа на грчкото крајбрежје која е во негова сопственост.
„Според муабетите кои кружат во Струмица, чести посетители на таа куќа биле и одредени новинарски имиња од Македонија.“ - пишува Курир.

И пред неколку месеци, посетите на Заев во Грција го разбудија интересот и сомнежот кај македонските граѓани. Како што тогаш објави „Дневник“, Заев во неколку наврати ја минувам македонско-грчката граница пешки, на излез и на влез. Весникот праша зошто тоа би го правел човек кој поседува автомобил од 80.000 евра.

И на оваа афера одговорот од Бихаќка беше молк.

15.08.2014 - 10:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа