Жељко Јоксимовиќ ќе ја крене публиката на нозе - Македонска Каменица ќе руши рекорди

Општина Македонска Каменица интензивно се подготвува за најголемата културна манифестација во Источна Македонија, Каменичко Културно Лето.

Годинава, манифестацијата ќе трае пет дена, од 25-ти до 29-ти Август и ќе се оддржува на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Низа културни настани се дел од програмата која е во финална фаза на подготовка. Покрај концерт на класична музика, настапи на познати фолклорни ансамбли од Македонија, Бугарија и Србија, потврдени се и настапите на неколку популарни македонски и балкански изведувачи и бендови. Концерт во Македонска Каменица ќе има деветчлениот српски состав МВП, кои со нивните мегапопуларни хитови „Целу ноч и цели дан“ „Идемо горе“, „Волим кад те волим“ итн., ветуваат добра забава и вистинско доживување за публиката.

На централната вечер, на 28-ми Август - Денот на Општината и денот на рударите ќе настапи феноменалниот Жељко Јоксимовиќ. 

Рударска Македонска Каменица е подготвена да пречека повеќе од 30 000 гости и се надева дека ова, шесто издание на Каменичко Културно Лето ќе ги урне сите досегашни рекорди по број на посетители.

14.08.2014 - 15:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега