Вечерва: Православна духовност во црквата во Чаир

 

Во дворот на црквата „Св. Георгиј Победоносец“  во Чаир денес во 18 часот ќе се одржат разговори посветени на христијанската православна духовност.

-Присутните ќе имаат можност самите да постават прашања поврзани со некои дилеми и теми. Вечерва таму ќе се одржи заедничко дружење преку кое ќе си помогнеме взаемно во процесот на нашето духовно/ личносно зреење и осознавање на Божјата осмислителна и спасителна ВИСТИНА. Општата тема на втората средба е: „Фазите на процесот во кој личноста се осознава себе, а и својот Творец“, пишуваат организаторите.

-Оние кои имаат желба да бидат крстени, односно, да станат ученици Христови, членови на Неговата Црква и синови и ќерки - преку благодатта на Духот Свет - на Нашиот Небесен Отец нека повелат на овие дружења. Точната дата на групната крштевка ќе ја договориме заедно, стои во поканата.

14.08.2014 - 14:49
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега