Во две автобуски несреќи 6 загинати и 46 повредени

Шест лица загинаa, а 17 се повредени во сообраќајна несреќа на автобус во близина на Аксарај во централна Турција, јави турскиот телевизиски канал НТВ.

Автобусот патувал од Истанбул кон Хатај во јужна Турција.

Возачот загубил контрола над возилото, по што автобусот се превртел на патот. Повредените биле сместени во државната болница во Аксарај.

Во друга несреќа на автобус во регионот на Џанак, во округот Самсун во северна Турција, се повредени 29 лица.

13.08.2014 - 11:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега