Жена почина во тешка сообраќајка пред Кочани

Педесет и шест годишната Ленче Ц. од Кочани им подлегнала на повредите кои ги здобила во тешка сообраќајка која се случила во наделата вечерта на патот од селото Тркање кон селото Бање, кочанско

До несреќата дошло при судир на „Голф“ кој го управувал 29-годишниот Д.Н. од кочанско Соколарци и „Шевролет Спарк“ управуван од Т.Ц. (58) од Кочани.

Со тешки повреди во несреќата се здобиле четири лица кои биле во „Спаркот“, Т.Ц., Ленче, 30-годишната Н.К. од Виница и нејзиниот две годишен син.

Тешко повредените биле пренесени во Клиниките во Скопје, а вчера на повредите им подлегнала Ленче.

13.08.2014 - 11:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега