Просечен Чех должи 4.435 евра

Задолжувањето на Чесите постојано се зголемува и во просек секој чешки жител на банкарските институции им должи 110.866 круни (4.435 евра), соопшти Чешката народна банка (ЧНБ).

Најголемиот дел од долговите претставуваат хипотеките, кои аналитичарите ги сметаат за ,,разумни" задолжувања и инвестирања во иднината.

Следствено, вкупното ниво на задолженост на чешките домаќинства се смета за релативно безбедно, како од перспектива на клиентите така и на банките. Во споредба со истиот период минатата година, долговите на Чесите се зголемиле за 3,69 проценти односно за 1,66 милијарди евра.

Значително поштедливи биле домашните компании чиј долг во банките во април наспроти претходните месеци се намалил за 544 милиони евра на 38,7 милијарди евра иако споредено со април ланската година вкупниот долг на чешките фирми пораснал за 586 милиони евра.

најчитано сега