Уште едно торнадо ја погоди Оклахома - 14 лица загинаа 100 се повредени

Најмалку 14 лица од кои две се деца, загинаа, а 100 се повредени во налет на торнадо што ја погоди Оклахома.

Бурите проследени со силен ветар, поројни дождови и град, ја погодија Оклахома каде во налет на торнадо на 20 мај загинаа 24 луѓе.

Американски медиуми јавуваат дека околу 100.000 домаќинства во Оклахома Сити се без струја и уште толку ширум таа американска држава. Во Мисури три лица загинале од поплави предизвикани по бурите кои се движат кон исток во правец на градот Сент Луис.

САД годишно ги погодуваат околу 1.200 торнада и најчесто на удар се Оклахома и Алабама.

најчитано сега