Еве како се опоравува Брена

 
Лепа Брена успешно се опоравува од операцијата на десниот зглоб на раката и скршеницата на левиот лакт. Таа во неделата замина на крстарење по Јадранот.
Нејзиниот сопруг, прославениот тенисер Боба Живоиновиќ, изнајмил луксузна јахта за да со сопругата и пријателите ужива на отворено море и со тоа да ја исклучи можноста некој од домашните папараци да ги фотографира.
- Докторите на Брена и дадоа дозвола да крстари по Јадранско море бидејќи секој ден се чуствува подобро. За да не престојува само во хотелскиот комплекс, Боба изнајмил јахта на која ќе престојуваат до крајот на неделата, изјави близок пријател на пејачката.
Да потсетиме, Лепа Брена се повреди на 25. јули, кога во луксузниот хотел во кој престојувала со сопругот, тргнала на доручек и се лизнала.

 

11.08.2014 - 15:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега