Босанец им се заканувал на германски полицајци со вибратор

 

 

Возач по потекло од БиХ, кога го застанала полициска патрола ги преплашил полицајците и ги приморал да ги извадат пиштолите од фотролите, затоа што во раката имал вибратор за кој сообраќајците помислиле дека е бомба.

Набрзо потоа го пресретнале автомобилот и го принудиле да се исклучи од автопатот на блиското одморалиште.

Дека во рацете нема опасно средство, туку сексуално помагало, утврдиле откако држејќи го на нишан го натерале да го напушти возилото.

45 - годишниот возач е однесен во локална здравствена установа, каде е утврдено дека имал повеќе од два промили алкохол во крвта. Му ја одземале возачката дозвола, му наплатиле кауција па го пуштиле да го продолжи патувањето кон БиХ.

 

 

10.08.2014 - 15:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега