Вашингтон ќе гласа за легализирање на марихуаната
Градскиот Изборен совет на Вашингтон соопшти дека приврзаниците на легализацијата на употреба на марихуана собрале доволен број потписи за ова прашање да се стави на референдум.
Граѓаните на Вашингтон, Орегон и Аљаска ќе имаат можност да се изјаснат по ова прашање на гласањето што ќе се одржи во ноември.
Ако се легализира, лицата постари од 21 година ќе може да поседуваат 56 грама марихуана и да одгледуваат најмногу шест растенија канабис дома.
08.08.2014 - 09:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа