Саудискиот принц во ненајавена посета на Загреб

Саудискиот принц и бизнисмен Ал-Валед бин Талал бин Абдулазиз ал Сауд, чие богатство се проценува на 28 милијарди долари, ненајавено пристигна во Загреб. 

Хрватските медиуми објавија дека внукот на основачот на Саудиска Арабија пристигнал во Загреб со приватен авион и придружба од 50 луѓе.

Претставници на хрватски официјални институции изјавија дека ова не е бизнис посета, иако во јавноста се шпекулира дека принцот дошол за да се запознае со можностите за инветстиции во хрватската економија.

Тој ја предводи компанијата Кингдом Холдинг со сопственички удели во најголеми светски фирми како што се Амазон, АОЛ/Тајм Ворнер, Епл, Ситигруп, Кока-Кола, Компак, И-Беј... 

06.08.2014 - 11:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега