Поплави по улиците, сообраќајот блокиран - силно невреме направи хаос во Бања Лука

Бања Лука попладнево ја зафати големо невреме проследено со силен ветер и поројни дождови, што предизвика поплави по улиците, а врз некои угостителски објекти е причинета и материјална штета.

Поради невремето сообраќајот во градот е блокиран, а возачите ги запреле своите автомобили бидејќи движењето било невозможно. 

Во некои делови од градот дошло и до прекин на електричната енергија, а метеоролозите и за утре најавубаат дожд со грмотевици. 

05.08.2014 - 15:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега