„Полицијата нема да се откаже додека Тијана не биде вратена дома"

Полицијата во Србија нема да се откаже од потрагата по Тијана Јуриќ од која десет дена нема ниту трага ниту глас. Ова го изјави директорот на полицијата, Милорад Велјовиќ кој вели дека имат нови траги во истрагата и дека нема да престанат да работат на случајот додека Тијана не биде жива и здрава вратена дома.

Милорад за српскиот Ало вели дека потрагата по исчезнатото девојче е моментално приоритет на полицијата.

Инаку, Тијана исчезна на 26 јули откако се враќаше од забава. Од тогаш и се губи секаква трага.

05.08.2014 - 14:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега