Во Охрид врие за Илинден

Илинденските празници го наполнија Охрид . Покрај странските од Холандија,Турција,Полска ,кој што ги има во најголем број ова лето не изостануваат  ни домашните .Хотелите ,апартманите и приватното сместување е исполнето а во кафетериите и рестораните се бара место повеќе .

Туристите велат дека градот нуди поволни услови за престојување за секоја категорија.

Охрид деновиве е домаќин на голем број културни ,забавни и музички настани за сечиј вкус .

Паралелниот концерт на Цеца Ражнатовиќ не беше пречка огромното гледалиште на Антички театар да се исполни, за перформансот на мега популарните „Вока Пипл“.Синоќа на Антички театар се случи вистински музички Бум, настапот на светската атракција ги надмина дури и најавите на организаторите и очекувањата на публиката. Импозантниот простор беше исполнет до последно место, а илјадници го следеа настапот и од околните платоа и тераси, создавајќи прекрасен впечаток и едно ново искуство за самите музичари, но и за организаторите.   Повеќе илјадната публика, беше повикувана на сцената, заедно со нив да пее и игра, при што  сите присутни барем за време на овој концерт беа дел од нивното мото „Музиката е живот, животот е музика“.

 

02.08.2014 - 23:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа