Го следел, го нападнал и ограбил - драма во Старата скопска чаршија

На улицата „Самоилова“ во Скопје засега непознато лице синоќа го нападнало 58-годишниот Б.С. од Богданци. Според податоците од полицијата, додека тој се движел низ старата скопска чаршија, забележал дека го следело лицето, кое претходно го видело во казино. Кога пристигнал во близина на Скопското Кале, насилникот физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на главата. Потоа,  од џебот од панталоните му одзел 10.000 денари, го турнал на земја и избегал.

Полицијата работи на случајот.

02.08.2014 - 12:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега