Обама се отвори: По 11-ти септември мачевме некои луѓе

Американскиот претседател Барак Обама призна дека САД непосредно по нападите на 11 септември 2001 година правеле „одредени погрешни работи и ги мачеле притворените припадници на Ал Каеда“.

Тој ова го изјави, коментирајќи ја истрагата на американскиот Сенат за методите и техниките на испитување на Централната разузнавачка агенција, чии резултати треба да бидат објавени во слендите неколку недели.

- Мачевме некои луѓе. Правевме работи кои се спротивни на нашите вредности, изјави американскиот претседател на прес-конференцијата во Белата куќа, која ја пренесуваше националната телевизија.

02.08.2014 - 12:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа