ФОТО: Сите и се смееја на плажа - нејзниот одговор трогна милиони

Таниз Џекс Блејк само сакала да се опушти и едвај собрала храброст да оди на одмор и да се сонча, а тогаш се случило нешто кое ја усрамило и и го скршило срцето. Мајката на петте деца легнала на пешкирот за да се сонча, а тогаш слушнала како неколку млади лица и се смеат и ја фотографираат поради нејзините лузни. Таа наскоро напиша отворено писмо кое го трогна светот.

- Ова е отворено писмо за сите девоччиња кои решиле да дојдат на плажа и да се одморат и опуштат. Ми е жал што по цели 13 години собрав храброст да излезам во бикини, а вас тоа ве згрози. Жалам што стомакот не ми е рамен и затегнат. Жал ми е што имам стрии и лузни, но не жалам што родив и одгледав пет неверојатно убави, паметни и интелигентни дечиња. Жалам ако моето тели на 33 години со 56 килограми толку ве згрози. Сепак, седев со крената глава додека вие се смеевте, бидејќи се прашав, што фантастично и корисно вие сте направиле во животот? Луѓето како вас го прават светот грдо место за живеење, стои во писмото.

 

 

02.08.2014 - 10:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа