Вечерва невиден спектакл: Диџејот Дерик Меј ќе го крене Охрид на нозе

Се подготвува невиден спектакл. Љубителите на музиката вечер на Античкиот театар во Охрид ќе имаат несекојдневна можност да присуствуваат на музичко–сценскиот спектакл „Музика универзалис“ и настапот на легендарниот диџеј Дерик Меј со уметниците од Македонската филхармонија.

Станува збор за несекојдневно музичко доживување, фузија од електронска и класична музика, фантастични светлосни ефекти, видео и аудио поддршка, со настап на еден од пионерите на детроитската техно-сцена, во оркестарски аранжмани на нашиот музички уметник Емин Џијан. Оркестарот на Македонската филхармонија ќе биде збогатен со магичниот звук на пијаното во изведба на нашата афирмирана пијанистка Емилија Потевска.

 

Проектот е на продуцентската куќа „Излет мјузик“, а идеен творец е  сопственикот на продукциската куќа, Огнен Узуновски – Оги, под покровителство на Министерството за култура.

Инаку, Дерик Меј е редовен гостин на домашните клупски сцени, почнувајќи од неговото прво гостување во 2000 година, за сега да има можност да се презентира во едно поинакво светло. Тој е еден од тројцата најзаслужни луѓе на светското технодвижење кои ги испробувале границите на духот на електронската музика и дале еден нов облик. Го нарекуваат Мајлс Дејвис на електронската музика, кој со својата музика ги освои сите европски и светски сцени и фестивали.

02.08.2014 - 10:26
Фото: 
вест
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега