Се продава Голи Оток

Меѓу 100  имоти во државна сопственост кои Државната канцеларија за управување со државен имот одлучи да ги продаде или изнајми, се и поранешниот логор на Голи Оток и некогашната политичка школа во Кумровец, објави Јутарњи лист.

Сите заинтересирани може до 15 септември да достават идеја за нивната пренамена.

Некогашниот озогласен логор за Информбировци на Голи Оток, чии запуштени згради и други објекти се на површина од 4.500 кв/метри, со години пропаѓаат.

– Сакаме да обезбедиме услови на Голи Оток да се направи меморијално-туристички комплекс. Таму има делови кои се предвидени за туризам. Но, не е поентата во тоа ние како државно тело да предлагаме како да се стават во функција тие објекти, изјави Младен Пејновиќ директор на Државната канцеларија.

Тој додава дека на Голи Оток како и секаде каде се нудат државни недвижнини, ќе може да се работи во согласност со просторните планови и оти недвиниот имот ќе се продава или изнајмува.

Парламентарниот Одбор за човекови права на предлог на здружението на поранешните логораши „Анте Земљар“, пред пет години покренаа иницијатива да се донесе посебен закон за Спомен подрачје Голи Оток. Министерството за култура соопшти во почетокот на годината дека немаат пари за формирање и одржување такво спомен обележје, потсетува Јутарњи лист.

01.08.2014 - 14:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега