Русија ги врати италијанските тенкови

Руското Министерство за одбрана, по изведените тестирања во Подмосковието, и врати на Италија два тенка „Центауро“ (Centauro), пренесе ИТАР-ТАСС, цитирајќи го заменик министерот за одбрана Јуриј Борисов.

- Ги враќаме машините, нема да ја купуваме оваа техника, рече тој, без да ги објасни причините за ваквата одлука.

Тенковите „Центауро“ имаат маса од 25 тона и се снабдени со 105-милиметарско оружје. Тие можат да развијат брзина до 100 километри на час и имаат екипаж од четири лица.

Експертите ја забележуваат нивната висока маневерска способност и добрата управливост, меѓутоа, нивниот оклоп ги заштитува само од голем калибарски митралески оган.

Италијанските тенкови „Центауро“ беа употребувани во Југославија, Сомалија и Ирак. За нивното учество во миротворните операции на Балканот тие беа зацврстени со дополнителна блиндирана заштита.

01.08.2014 - 14:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега