Примирјето во Газа неуспешно

Израелската армија ја информирала Организацијата на Обединетите нации дека е завршен прекинот на огнот во Газа, пренесува германската агенција ДПА.

Претставник на армијата соопшти дека војската ги обновува нападите на цели во Газа и оти примирјето не успеало.

Израелската команда претходно оцени дека постигнатото тридневно примирје со Хамас е нарушено, откако беше киднапиран израелски војник во Рафах, јужниот дел на Појасот Газа.

Во израелското гранатирање утрово во близина на Рафах убиени се најмалку 25 лица, соопшти палестинското Министерство за надворешни работи.

01.08.2014 - 13:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега