Наша фолк пејачка непожелна во Грција

“Не може, не може”, и`рекол грчки цариник на фолк-пејачката Ирена Спасовска кога, пред десетина дена, со семејството тргнала на одмор. На граничниот премин Богородица, кога Ирена му го дала пасошот на цариникот, тој и` рекол дека таа за Грција е непожелна личност уште од лани, пренесува Вест.

“Минатата година не бев во Грција, летувавме во Италија и не знаев дека сум непожелна. Кога го прашав цариникот зошто, тој само дигаше рамена и ме упати да се обратам во грчката амбасада во Скопје. Ми рече само дека до 2013 година сум можела, а сега веќе не. Но, сфатив зошто е така. Пред две години пеев на егејските средби во Овчарани и сите наши пејачи што пееја таму, подоцна не можеа да одат во Грција, беа прогласени за непожелни”, вели Ирена.

Пејачката се обратила до нашето МНР: - “По службена должност, од нашето министерство до грчкото испратија писмо. Но не добиле никаков конкретен одговор, освен дека нивно право е кого ќе пуштат во Грција, а кого не”, вели пејачката.

01.08.2014 - 13:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега