Иванов: Изјавите од ДУИ се нејасни

Последните изјави кои доаѓаат од дел на раководството на политичката партија ДУИ со признавањето на институцијата Претседател, а непризнавањето на легитимитетот, се нејасни, исто колку што беше нејасна и идејата за консензуален претседателски кандидат, вели шефот на македонската држава Ѓорге Иванов, во интервју за весникот „Дневник“.
 
Според македонскиот претседател, и покрај повикот за бојкот од страна на ДУИ, значителен дел граѓани од албанската етничка заедница го поддржале на последните претседателски извори.
 
- Повикот за бојкот на претседателските избори од страна на ДУИ, испрати погрешна слика во јавноста за меѓуетничките односи. Уставот ме обврзува да ја претставувам Република Македонија како суверена, самостојна и унитарна држава, и да ги претставувам сите граѓани на Република Македонија. Бев и ќе останам еден за сите, за Македонците, за Албанците, за Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други.

остојано велам дека е потребно сите граѓани на Република Македонија да го градат македонскиот модел на соживот. Не е ексклузивно правото само на Македонците да го градат соживотот и довербата, туку на сите припадници на етничките заедници, затоа што Охридскиот рамковен договор дава права, но подеднакво и обврски. Исто така, не е ексклузивно право само на политичката партија ДУИ да ги претставува интересите на сите Албанци во Македонија, вели претседателот Иванов.
 
Во интервјуто за „Дневник“, претседателот Ѓорге Иванов посочува дека Советот за безбедност ќе одржи конститутивна седница, а именувањето на членовите ќе го одразува составот на населението, согласно Уставот.

01.08.2014 - 11:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега