Поранешен палестински фудбалер загина во Газа

Еден од најдобрите фудбалери на Палестина, поранешниот репрезентативец Ахед Зекауд загина во бомбардирањето на Израел на Појасот Газа. Тој спиел во својот стан кога почнале воздушните напади и таму загинал.

Зекауд е еден од најдобрите фудбалери на Палестина, кој во 1994-та година одигра пријателски меч за неговата земја против ѕвездите на Франција во чиј состав беше и Мишел Платини.

Познат бил по тоа што никогаш не припаѓал на ниту една политичка фракција и по тоа што целиот свој живот го посветил на фудбалот.

Откако се повлекол од активното играње на фудбал, се посветил на тренерската функција, а во изминатите неколку месеци работел како водител на спортска емисија.

Според податоците на палестинското Министерство за здравство, вчера во Појасот Газа загинале 79 лица, а над 280 биле ранети.

Вкупниот број убиени Палестинци од почетокот на израелската офанзива во Појасот Газа, на 8 јули, веќе достигна 1.458.

01.08.2014 - 11:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега