Опасност за комерцијалните летови над Ирак

Американската Федерална авијациска администрација нареди американските авиокомпании да не летаат над Ирак на висина под 9145 метри поради потенцијални опасни ситуации со оглед на вооружените конфликити.

ФАА претходно ги имаше ограничено летовите  во ирачкиот воздушен простор на висина од најмалку 6095 метри.

Исто така вчера им беше забрането на американските компании да ги користат двата меѓународни аеродроми - „Ербил“  и „Сулајман“.

Најновата одлука на ФАА е донесена две недели по падот на малезискиот авион во зоната на конфликтите во источниот дел на Украина.

Во Ирак беснеат конфликтите помеѓу екстремистите и владините сили, и се стравува дека и милитантите во свои раце поседуваат оружје кое може да урне авион. Неколку европски авиокомпании претходно воведоа промени за летовите во Ирак.

01.08.2014 - 10:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега