Грците бесни: Хотелиерите од Халкидики развеале македонски знамиња

Повеќе хотелиери од Халкидики пред своите објекти, меѓу другите, истакнале и македонско знаме, што ги разлути нивните сограѓани.

Националистичкиот информативен портал „Њузбомб“, на пример, пишува дека „приморските градови во северниот дел на Грција се преплавени од туристи од соседната земја кои провоцираат со налепници МК на своите автомобили, додека други ги оставаат ознаките ФИРОМ кои ги добиваат на граница, за да ги заштитат своите приватни автомобили“, пренесе МИА.

- Но она што е нереално, е трендот на некои грчки хотелиери да истакнат знамиња на Скопје“, пишува порталот.

Организацијата „Комитет на македонската борба“, која тврди дека нејзини членови се 3,5 милиони Грци од целиот свет, ги нападна хотелиерите од Халкидики нарекувајќи ги „бескрупулозни“ затоа што „истакнале провокативни знамиња во срцето на туристичката и единствена Македонија, со што прават голема услуга на иредентистичките пропагандни цели на Скопје“. Организацијата го повикува Здружението на хотелиери од Халкидики да побараат од нивните членови „кои ја изгубиле својата националната свест со цел да привлечат клиенти“, веднаш да ги отстранат знамињата на Македонија „од територијата на Грција“.

 

01.08.2014 - 10:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега