10 лица загинаа, а 57 се повредени во судир на воз и автобус

Најмалку 10 лица загинаа, а 57 се повредени утрово кога воз удрил во преполн автобус кој превезувал гости за на свадба, западно од главниот град на Бангладеш, соопшти полицијата.

Возот „Симанта Експрес“ удрил во автобусот и го туркал околу 500 метри во градот Баробазар, во близина на граничниот премин на Бангладеш со Индија.

Според изјавата на полицискиот инспектор Мизанур Рахман, на местото на несреќата се пронајдени 10 тела, додека 57 лица се хоспитализирани, а некои од нив се во критична состојба.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила на железничката рампа и дека е уапсен чуварот кој бил задолжен за безбедноста на рампата.

01.08.2014 - 10:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега