Марко Јариќ два ипол часа заробен во авион

Марко Јариќ преживеа непријатен лет во средата навечер кога авионот во кој летал за Тиват се најде во центарот на невремето. Кошаркарот прво чекал повеќе од половина час за да полета, бидејќи невемето било најавено. Кога конечно полетале, во авионот почнала да се одвива вистинска драма.

- Торбуленцијата беше голема. Децата почнаа да вриштат и да плачат и на сите им беше наредено да не стануваат од местата. Кога стигнале над Тиват ги зафатил најсилниот ветер, кој буквално го фрлал авионот. Јариќ пробувал да остане смирен, но на лицето му се гледало дека не му е сеедно, раскажува изворот.

На Марко и останатите патници два ипол часа не им дале ни чаша вода. Поради тоа што со густите облаци и молњите се бореле подолго од еден час, предвиденото време за слетување во Тиват поминало, но благодарејќи на професионалноста на персоналот од црногорската авио-компанија патниците слетале безбедно.

Јариќ на аеродромот го пречекал пријател на кого му се пожалил дека не памти кога бил волку исплашен и дека ова му е еден од најлошите летови во животот.

 

01.08.2014 - 09:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега