Иванов: Иницирав средби - опозицијата не ја прифати поканата

Претседателот Ѓорге Иванов во денешеното интервју за „Дневник“ обелоденива дека иницирал средби со цел надминување на бојкотот на Собранието, но опозицијата не ја прифатила поканата за средба.
 
- Исто како и во случајот со настаните по 24 декември, и сега иницирав средби за изнаоѓање на решение. За жал, лидерот на опозицијата поканата за средбата не ја прифати. Ова прв пат го споделувам со јавноста, бидејќи не сакав да наштетам на процесот“, вели претседателот Иванов.
 
Порачува дека потребен е сериозен пристап и одговорност и од власта и од опозицијата.
 
- На македонската демократија и е неопходна ангажирана опозиција, со свежи идеи, издржани предлози и конструктивни критики. Не смееме да дозволиме институциите да се празнат и местата на одлучување да бидат надвор од нив. Нам ни треба здрав институционален дијалог, продуктивни политички дебати кои треба да останат онаму каде што припаѓаат, во Собранието. Се надевам дека опозицијата ќе се врати во Собранието. Како претседател, правам и ќе продолжам да правам сè што е во рамките на моите надлежности, да ги унапредувам дијалогот и соработката внатре во институциите на државата“, истакнува претседателот орге Иванов за „Дневник“.

01.08.2014 - 09:54
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега