100 милиони долари за борба против епидемијата на ебола

Светската здравствена организација (СЗО) објави план во вредност од 100 милиони долари за борба против епидемијата на ебола во Западна Африка.

Според податоците на организацијата од февруари до 27 јули животот го загубиле 729 лица, а регистрирани се 1.323 случаи на заболени.

Генералниот директор на СЗО Маргарет Чан денеска ќе се сретне во Гвинеја со претседателите на зафатените со епидемија западноафрикански држави Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Во планот се посочува дека има потреба од неколку стотици луѓе дополнителен персонал. Меѓу целите на СЗО е зголемување на нивото на подготвеност на соседите на земјите соочени се епидемијата.

01.08.2014 - 09:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега